Понтони

Понтоните се брз, лесен и економичен начин за креирање работни платформи врз вода. Тие се дизајнирани така што можат да се транспортираат на секој стандарден камион или на секој комерцијален брод. Понтоните се лизгаат или подигаат и спуштаат врз вода со помош на кран, и тоа секое парче индивидуално. Штом еднаш се во вода, тие можат лесно да се поврзат за да формираат таков тип на платформа која е потребна.

Модуларните понтони се користат при пристанишен транспорт, разни видови градби покрај вода, како и за пристап од вода на опрема или механизација. Флексибилноста на понтоните уште повеќе се зголемува со користење дополнителна опрема, како што се: пристанишни битви, котви, одбојници, папучести столбови и слично.

Располагаме со понтони од следните типови и големини:

  • Стандардни RoRo понтони (20m x 10m x 3m)
  • Стандардни Container понтони (6,0m x 2,4m x 1,6m)
  • Стандардни Uniflote понтони (5,3m x 2,4m x 1,3m)
  • Стандардни Plate понтони (4,2m x 2,1m x 0,75m)

Примена:

  • Пристаништа
  • Работа на и покрај вода
  • Специјални настани